Достапни линкови

logo-print

Мадрид: Експлозија на автомобил бомба, тројца повредени


Во Мадрид денеска експлодира автомобил бомба, јавија светските новински агенции, кои повикувајќи се на полициски извори јавуваат дека во нападот имало тројца полесно повредени. Во извештајот на шпанското радио пак се наведува дека претходно баскиската сепаратистичка организација ЕТА ја најавила експлозијата во еден баскиски весник. Тоа и помогнало на полицијата да го евакуира делот од градот каде што било паркирано возилото. До експлозијата дојде само неколку дена откако шпанскиот парламент и одобри на владата да започне мировни преговори со ЕТА доколку таа го предаде оружјето.
XS
SM
MD
LG