Достапни линкови

Министерството за образование подготвува национална програма


Македонското образование е пред сериозни реформски процеси, обидувајќи се да биде во чекор со светските и европските текови во образовниот систем. Напорите во спроведувањето на реформите се во насока, велат првите луѓе на надлежните институции, да се понуди модерно образование согласно светските стандарди, што сега сеуште не е случај. Па, токму затоа се и сериозните промени со кои се зафатени образовните институции во Македонија:

,,Во моментов главната активност на Министерството за образование е изготвувањето на националната програма за образование што треба да биде комплетна програма на нов интегриран систем на образование,”

посочува Тале Герамитчиевски, заменик министер за образование.

Освен реформите во основното, и високото образование во земјава се наоѓа пред сериозни предизвици за спроведување реформи во согласност со принципите на Болоњскиот процес. Македонија се обидува да имплементира дел од светските трендови, информатичките технологии, електронската технологија, модерни предавања, но за тоа ќе треба време, ни изјави ректорот на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј Ѓорѓи Мартиновски:

,,Ние се обидуваме со релативно скромните средства што ни се на располагање од државата, со оглед на тоа дека сме државен универзитет, да направиме се што е во наша моќ, така што ценам дека во моментов сме многу блиско до состојбите во високото образование во Европа. Ние преземаме и чекори околу воведување на документ што ќе овозможи дипломите што ги издаваме на нашите студенти да станат препознатливи во конкуренцијата што станува на пазарот на високо образование.”

Конзервативноста меѓу професорите, недостатокот од техничка опременост, непризнаеноста на дипломите во светски рамки, е она на што најжестоко моментно реагираат студентите:

,,Мислам дека може да се направи многу повеќе и тоа да се оглеадаме на светските универзитети, каде што се работи на практичниот дел.”
,,Мислам дека трошоците се малку превисоки за македонскиот стандард.”


забележува македонската креативна сила.
XS
SM
MD
LG