Достапни линкови

Багдад: Најмалку 40 загинати во напади во Ирак во изминатите 24 часа


Најмалку 40 луѓе загинале, а 30-тина биле повредени во неколкуте напади во Ирак во последните 24 часа, јавуваат агенциите. Во денешната експлозија на автомобил бомба пред едно училиште во Багдад, загинале 6 лица, а синоќа во два самоубиствени напади во местото Тал Афар, настрадале 35 луѓе. Инаку, американските и ирачките сили за време на дводневната офанзива во западен Багдад, уапсиле над 400 осомничени бунтовници.
XS
SM
MD
LG