Достапни линкови

Продолжува ,,пат позицијата” во некои градски совети


Здружението на Единиците на локалната Самоуправа моЃе само да сугерира а не и да им наметне на советите како да профункционираат вели новиот претседател на ова здружение Андреј Петров коментирајќи пат позицијата на некои градски сопвети каде е блокирана работата на градоначалниците поради партиските интереси.

,,За работата на општните не е важно да има само градоначалник, туку важно е и да функционира советот, затоа што во суштина власта е поделена меѓу советот и градоначалникот. Затоа и мислењето наше е дека треба што побрзо да профункционира советот, да се најде начин да се надминат партиските недоразбирања. Бидејќи партиите се една работа, ама во Советот треба да се застапуваат интересите на граѓаните. Затоа ние веќе на наредниот УО, ќе дадеме препорака да општините таа работа што побрзо да се заврши.”

Најсвеж пример со нефунксионирањето на советот е тој на Градот Скопје. Градоначалникот Трифун Костовски вели дека нема намера да посредува во партиските несогласување, доколку само не се договорат неизбежно ке биде распишување на нови избори за советници, изјави неодамна костовски. Засега блокадата не ми ја отежнува работата зато што функсионираат јавните претпријатие каде што назначив директори изјави градоначалникот Костовски
Претседателот на ЗЕЛС пак вели дека ваквото решение би требало да биде како последно, за секој проблем постои и решение, вели тој:

,,Дури и ако помина одредено време, па да се констатира дека не е можна соработка тогаш може да се размислува за ваква варијанта. Сепак мое мислење е дека има решение и пат позицијата не е во корист ниту на позицијата ниту на опозицијата, а ќе изгубат сите, и самите личност, затоа што граѓаните ќе сфатат дека интересите на партиите им се поважни од оние на граѓаните.”
XS
SM
MD
LG