Достапни линкови

Нов удар за и онака нискиот стандард на граѓаните


Во услови на беспарица, нередовна исплата на платите, високиот број на социјалните случаи и големиот број на невработени во државава, редовното плаќање на долгот кон државата за многу граѓани претставува проблем. По искуството со Телекомот, во пресрет на најавената продажба на македонското електростопанство, стравувањата, од високите цени и неможноста да се подмири долгот, меѓу граѓаните се зголемуваат:

,,Давачките се превисоки.”
,,Половина од народот е без работа.”
,,Јас сум пензионер, 6 илјади се комуналии, 4 илјади остануваат за храна, тешко се живее.”


Здружението на граѓани за заштита од монополски услуги ДЕМОС, очекува дека со приватизацијата на Електростопанството, само ќе биде повторена ситуацијата од однесувањето на Телекомот, кој не нуди никакви бенифиции за социјалните случаи, чии цени на услугите се високи, а акциите за исклучување се редовни. На ова континуирано се реагира од страна на граганите, но поради монополот на Телекомот вели првиот човек на ДЕМОС, Миле Митановски, досега без поголем успех:

,,Ако ЕСМ се продаде со 51 насто за Македонија ќе биде катастрофа, затоа што искуството од продажбата на Телеком го почувствуваме на својот џеб.”

Претседателот на Здружението Глас на Светлината, Горан Ташковски кое е против продажбата на ЕСМ за што беа организирани и повеќе акции, вели дека последиците по граганите ќе бидат огромни:

,,Ќе се покачи цената на електричната енергија и ќе се створат нови социјални случаи. Втората последица е нов монопол.”
XS
SM
MD
LG