Достапни линкови

Багдад: Убиен еден од главните советници на премиерот Ибрахим ал Џафари


Ирачката полиција соопшти дека вооружени лице денеска во Багдад го убиле Ваел ал Рубаеи, еден од главните советници на ирачкиот премиер Ибрахим ал Џафари. Тој и неговиот возач биле убиени кога непознати напаѓачи отвориле оган врз нивниот автомобил. Во друг денешен напад изведен со автомобил бомба во северен Ирак, како што јавуваат агенциите, загинале пет лица. Инаку, во западниот дел на Багдад е во тек офанзива на ирачките и американските сили со цел запирање на нападите на бунтовниците во кои во изминатиов месец загинале над петстотини и пеесет луѓе.
XS
SM
MD
LG