Достапни линкови

Лондон: Објавени фотографии на Садам Хусеин во долна облека


Британскиот таблоид Сан на насловната страна денеска објави фотографии на кои поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин кој е во затвор, е прикажан во долна облека. Весникот цитира анонимни американски извори кои велат дека фотогроафиите биле со цел да се скрши ирачкиот отпор. Меѓутоа, агенциите јавуваат дека американски воени власти во Багдад веќе покренале истрага за тоа дали чуварите во затворот ги прелршиле овластувањата.
XS
SM
MD
LG