Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Кина ќе ги зголеми извозните давачки


Кина најави дека од први јули годинава ќе ги зголеми извозните давачки за седумдесет и четири категории текстилни производи. Агенцијата Хсинхуа прецизира дека некои давачки ќе бидат зголемени дури и за четиристотини проценти. Ова мерка следуваше откако Соединетите Држави и Европската Унија побараа од Кина да го почитува глобалниот систем на квоти на текстилните производи што започна да се применува во почетокот на годинава. Американските и европските произведувачи постојано предупредуваат на опасностите по нив од поплавата на поевтини кинески текстилни производи.
XS
SM
MD
LG