Достапни линкови

logo-print

Узбекистан: Каримов против меѓународна истрага за насилствата


Претседателот на Узбекистан Ислам Каримов му рекол на генерлниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан дека е против меѓународна истрага на насилствата што се случија во источниот дел на земјата. Агенциите јавуваат дека во телефонскиот разговор Каримов му рекол на Анан дека состојбата е под контрола и оти се преземаат мерки за идентификување на одговорните за насилството во кое, според владата во Ташкент, загинале околу сто и седумдесет луѓе. Неофицијалните бројки пак се многу поголеми, а некои невладини организации велат дека биле убиени над илјада цивили.
XS
SM
MD
LG