Достапни линкови

logo-print

Раговори за името до државниот врв


Метју Нимиц, посредникот во спорот со уставното име меѓу Македонија и Грција од вчера повторно е во земјава на разговори со македонскиот државен врв, кој настапува со веќе познатиот став на македонската страна, употреба на името Република Македонија во меѓународната комуникација и изнаоѓање решение и термин којшто ќе се употребува во билатералните односи меѓу Македонија и Грција. Утринава Црвенковски, Бучковски и Митрева се сретнаа со Нимиц, а во тек е работен ручек на претставниците на државниот врв со меѓународниот посредник. По пристигнувањето во земјава, Нимиц изјави:

„Решението на спорот со името најмногу ќе зависи од двете страни. Разговорите се одвиваат под покровителство на генералниот секретар, а јас сум само во улога на посредник. Двете страни се заинтересирани за изнаоѓање решение. Тука сум за да го слушнам ставот на владата и се надевам дека ќе имаме добра дискусија. По средбата ќе видиме дали владата ќе предложи некое решение. Сметам дека ова е многу важно прашање за земјата и целиот народ и затоа му пристапувам на сериозен начин,“

ја појасни причината за својот престој во Македонија, медијаторот Метју Нимиц.

Претставникот на генералниот секретар на ОН посочи дека сеуште не го знае точниот датум на средбата со претставниците на Грција и додаде дека се надева оти наскоро Македонија и Грција ќе најдат заемно профатливо решение за проблемот со името на нашата земја.

„Не го знам точниот датум на средбата со другата страна, но сум во постојан контакт со двете страни. Двете страни се согласија дека прашањето треба да се реши на пријателски начин и од моја перспектива е многу важно двете земји да живеат во хармонија, бидејќи се соседи кои имаат различно сфаќање кон ова прашање,“

истакна Нимиц.
XS
SM
MD
LG