Достапни линкови

Годинава да заврши процесот на приближување на Балканот кон демократскиот свет


Годинава мораме да го завршиме процесот на приближување на Балканот кон демократскиот свет, да ги завршиме поделбите и судирите, кои ја одбележаа историјата на тој регион во последните петнаесет години. Ова го изјави американскиот државен потсекретар Николас Брнс при неговото сведочење пред Комитетот на Конгресот за меѓународни односи.

Две илјади и петта е пресудна за решавање на статусот на Косово, како и за Балканот во целина. Во тој процес Соединетите Американски Држави треба да играат значајна улога, изјави посекретарот Николас Брнс додавајќи дека претседателот Буш и државниот секретар Рајс стабилизацијата на Балканот ја имаат ставено на листата на приоритети. Ние и нашите сојузници влегуваме во нова фаза на нашата политика на Балканот која ќе ја забрза интеграцијата на регионот во европското семејство и во евроатлантските институции, рече Берн најавувајќи дека во почетокот на идниот месец треба да престојува во неколкудневна турнеја на Балканот. Според него, најкомплексно е прашањето со Косово:

„Веруваме дека недефинираниот статус на Косово е неодржлив, непожелен и неприфатлив. Таквата состојба не задоволува ниту една страна и затоа се заканува опасност од обновување на сударот.“

Изјави Бернс, најавувајќи дека Соединетите Држави со своите сојузници ќе започне процес кој ќе води кон дефинирање на конечниот статус на Косово. Најпрвин, како што изјави Бернс, генереланиот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ќе го наименува норвешкиот амбасадор Каи Еиде за специјален известувач кој би требало да процени дали се исполнети условите за почеток на разговорите за финалниот статус. Доколку оценката за стандардите биде позитивна тогаш на Анан ќе му предложиме да наименува преговарач од Европа на кој ќе му асистира американски дипломат. Тие треба и да ги организираат преговорите, изјави Бернс потсетувајќи дека албанската страна се залага за независност, а властите во Белград за автономија.

„Соединетите Држави и европските партнери немаат заземено позиција за која било од опциите. Ние сакаме да бидеме непристрасни посредници во преговорите, да го искористиме своето влијание за изнаоѓање на конечното решение, а со цел да се избегне обновувањето на етничкото насилство.“

Рече Барнс, додавајќи дека Соединетите Држави интервенирале на Косово за да го заштитат мнозинското албанско население од теророт на режимот на Милошевиќ. Сега не смееме да дозволиме припадниците на мнозинскиот народ да ги напаѓаат припадниците на малцинството. Единствен пат кон иднината е етничкото помирување и хармонијата, наведе Барнс, оценувајќи дека НАТО и американските трупи мора да останат на Косово се додека не бидат постигнати спомнатите цели. Во врска со ставоите на Николас Барнс во Конгресот шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен за Радио Слободна Европа изјави дека тоа ќе испрати позитивен сигнал во регионот

„Сите сомневања за тоа дали Соединетите Држави се целосно ангажирани претставуваа проблем. Сега не постојат никакви сомневања. Тоа е многу силна порака и од голема помош за регионот.“

Според Петерсен се уште не Косово не се имплементирани сите приоретни стандарди и оти косовските лидери бавно ја спроведуваат децентрализацијата.

„Ако американците влезат со јасни пораки, албанците слушаат. Така ќе биде и со децентрализацијата.“

Изјави за Радио Слободна Европа шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен.
XS
SM
MD
LG