Достапни линкови

logo-print

Поделени мислења на навивачите за шансите


Сеуште под импресии на срамниот инцидент, по кој шест навивачи на Кометал Ѓорче Петров завршија во дански затвор, вниманието на домашната спортска јавност полека се врти кон реванш финалниот меч од женската лига на шампионите во кој нашиот Кометал Ѓорче Петров со данскиот Шлагелсе, ќе се бори за титулата европски шампион. Реваншот е в петок во СРЦ Кале, каде ѓорчепетровки ќе ја бркаат негативата од четири гола по мечот во Брондби. Достижни или не? Оваа предност на актуелниот евроспки шампион предизвикува поделени мислења во нашата јавност, кога е во прашање капацитетот на нашиот шампион за нејзино анулирање, и втор триумф во третото финале во најквалитетното европско, па и светско натпреварување:

„Нема Кометал да ја освои овој пат титулата, бидејќи мислам дека по скандалот моралот на ракометарките е на ниско ниво.“

Песимистичките размислувања се должат и на впечатокот дека противникот е поискусен и има повеќе поквалитетни ракометарки:

„Во одредени моменти нашите ракометарки играат премногу наивно, што не е дозволено во вакви натпреварувања. Шлагелсе има поквалитетна екипа, а ние ја имаме само Озел.“

Сепак, не недостасува и оптимизмот, кој во голема мера се темели на пеколната атмосфера која навивачите знаат да ја направат во Кале.

„Кометал ќе го освои финалето. Кале знае да биде пеколен терен, мислам дека кометалки ќе запнат и ќе ја освојат титулата европски прваци.“
„Ќе биде Кометал европски првак, само со посилна одбрана и притисок од публика.“
XS
SM
MD
LG