Достапни линкови

Овој пат, целта е реформа на судството


Сите политички партие се согласуваат и ќе гласаат за пристапување кон измени на Уставот во делот што подразбира реформи во судството што се клучни за македонската интеграција во ЕУ, но опозициските партии имаат и забелешки на владините предлози посебно во делот на изборот на судиите и републичкиот судски совет:
„Не е прифатливо обичното мнозинство кое се предлага наместо двотретинското мнозинство, за носење на законот за судовите, бидејќи со тоа наместо деполитизација се прави политизација на целото судство. Значи, ако може секој да ја менува организационата поставеност како што ќе дојде на власт со просто мнозинство, без поширок консензус, тоа значи дека го политизираме судството. Исто се однесува и за пробниот мандат и овие се нештата кои се најмногу неприфатливи,“
вели Силвана Бонева од ВМРо ДПМНЕ. Со сличен став и пратениците од ВМРО Народна кои имаат забелешка и на предлозите и сугестите на претседателот на државата за уставните промени кои беа различни од тие на владата
„Тоа што ни се нуди не не задоволува, ниту од владата, а уште помалку она што ни се нуди од претседателот кој во моментов и нема законодавна надлежност, односно не може да ни праќа препораки како да размислуваме, се додека ние не решиме, а потоа тој со своето право на вето може да не корегира,“
изјави пратеникот Слободан Чашуле од ВМРО Народна. И пратениците на ДУИ ке глесаат са пристапување кон уставните промени , вели координаторот на пратеничјката група Рафиз Халити:
„Ние ќе гласаме за промените. Се разбира дека во втора и трета фаза ќе дадеме и наш придонес како треба да изгледаат овие промени,“
Инаку ова е само прва фаза од уставните промени, по пристапувањето кон измените за што е потребно дво третинско мноизинство во собранието, владата треба да изготви нацрт предлог на измените кои ги доставува до собранието и истите се изгласуваат со просто мнозинство по што следи јавна расправа и на крај усвојувањето на уставните измени за што повторно е потребно двотретинско мнозинство.
XS
SM
MD
LG