Достапни линкови

logo-print

Москва: Русија и натаму се залага за почитување на резолуцијата 1244 на ОН за Косово


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешните разговори во Москва со претседателот на координативниот центар за Косово Небојша Човиќ, изјави дека Русија и натаму се залага за почитување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Од друга страна, портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер синоќа во Вашингтон потврди дека Соединетите Држави имаат нова стратегија за решавање на статусот на Косово. Влегуваме во нова фаза на нашата политика кон Балканот, која ќе ја забрза интеграцијатта на регионот во евро-атланските институции, изјави Баучер.
XS
SM
MD
LG