Достапни линкови

Поделбата добра ако се приватизира само дистрибуцијата


Електростопанство на Македонија ќе биде поделено во две компании, производство, што значи термо и хидроцентралите и дистрибуција, оваа одлука ја донесе Владата непосредно пред продажбата на ова претпријатие. Експертите генерално ја оценуваат како позитивна ваквата одлука на македонската Влада, бидејќи објаснуваат, оваа поделба нуди флексибилност во однос на приватизацијата на Електростопанството.

„Тоа дозволува слобода на Владата, понатуаму да го продава или само дистрибутивниот систем, или само производството, или едното и другото. Значи остава флексибилност на Владата за понатамошно решавање. Јас се надевам дека таа поделба е во функција на тоа да се продаде само дистрибутивниот систем, а не и производството, тогаш на некој начин одлуката е добра. Но, доколку интенција на Владата е да го прададе и едното и другото, тогаш тоа е лош потег,“

oбјаснува професор Атанаско Туневски, од Машинскиот факултет.

Давајќи одговор на прашањето која е крајната цел на поделбата на ЕСМ, од Министерството за економија по чиј предлог беше донесено ваквото решение, изјавуваат дека флексибилност постои, но допрва ќе се одлучува на кој начин ова претпријатие ќе биде приватизирано.

„Тоа дава можност во натамошниот процес да се одлучи откако ќе се констатира нивото на изграденост на правната рамка, да се ослучи дали ќе се приватизира само дистрибиуцијата или ќе се приватизираат двата пакети, кои понатаму одвоено или заедно би оделе на тендер, според резултатите од оваа проверка,“

потенцира Симон Узунов од Министерството за економија.

Слично како и со ЕСМ, по истиот принцип е направена и поделбата на „Македонски железници“, пред неговата трансформација. Ваквите одлуки според експертите се носат поради поголемиот избор околу одлуката за тоа кој дел ќе биде приватизиран, а кој задржан. Но ваквите трансофрмации, вели професор Туневски неминовно значи одложување на процесот приватизација. Тоа според него ќе биде случај и со продажбата на Електростопанството:

„Ова се што се прави е јасно дека ќе го оддолжи процесот на приватизација, оптимистите велат за два – три месеци, а песимистите велат на неограничено долго, затоа што не е така едноставно да издвоите две нови претпријатија со две нови посебни статути и целосно правни заокружени целини,“

заклучува професот Туневски.
XS
SM
MD
LG