Достапни линкови

СПЦ нема да има никаква полза од создавање на паралелна црква во Македонија


Создавањето на паралелна црква во Македонија е беспредметна и нема никаква корист од тоа. Се надеваме дека ова ќе го согледаат во саборот на СПЦ. Ова е ставот на македонската православна црква во врска со информациите во медиумите за издавање на томос за признавање на автономноста на Охридската архиепископија од страна на СПЦ, а по повод тековниот сабор којшто се одржува во Мостар.

,,Однапред да не даваме ниту оптимистички, ниту песимистички изјави. Јас верувам дека и во Соборот на СПЦ ќе преовлада разумот и дека ќе согледаат дека патот што го избрале за создавање паралелна црква во Македонија е беспредметна и нема полза, дека треба да се вратат на разговори за изнаоѓање на решение, а не со уцени,”

изјави владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ

Денеска во Скопје, доаѓа директорот на меѓународниот фонд за единство на православните народи, проф. Валериј Алексеев од Русија. Од МПЦ велат дека советникот на рускиот патријарх Алејсеј Втори не доаѓа на нивна покана и сеуште не се знае што ќе биде тема на денешните разговори. Не е исклучено на средбата со владиката Тимотеј, тој да пренесе порака за решавање на спорот, кој какошто изјави владиката пелагониско-преспански Петар, не може да се разреши само во дијалог помеѓу МПЦ и СПЦ.

,,Од досегашните разговори, нашата констатација е дека овој спор не може да се разреши само во дијалог меѓу двете цркви, туку треба да има уште најмалку еден субјект вклучен и олеснувачите да бидат сведоци на реалните проблеми.”

Од МПЦ велат дека го прифаќаат посредништвото на Руската и Вселенската патријаршија, кои би имале улога на олеснувачи во спорот. Во досеганите преговори меѓу МПЦ и СПЦ, српскатастрана ни нудеше автономија, а македонската остана на ставот автоќефална македонска православна црква. Се очекува следните преговори меѓу двете страни да продолжат по завршувањето на српскиот сабор во Мостар.
XS
SM
MD
LG