Достапни линкови

Прашањето на границата ќе биде решено до решавањето на конечниот статус на Косово


УНМИК не го сменил ставот околу демаркацијата на граничната линија мегу Македонија и Косово, нформациите пласирани деновиве во македонските медиуми воопшто не се точни изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на УНМИК во Македонија Олех Левитин:

„Ова информација воопшто не е точна. Ставот на УНМИК е дека ова прашање нема да остане не решено до изнаоѓањето на конечниот статус за Косово. Ваквиот став го повтори и цивилниот администратор на УНМИК Сорен Јесен Петерсен во декември при посетата во Скопје и тој останува офицјален став на УНМИК,“

рече Левитин кој сепак додава:

„Ова прашање нема да остане неразрешено и тоа е се што УНМИК може да го каже бидејќи во овој момент УНМИК нема мандат да ја демаркира границата , демаркацијата на границите ги извршуваат државите, вели портпаролот Левитин.“

Македонскиот министер за одбрана Јован Манасиевски при минатонеделната посета на Приштина изјави дека позицијата на УНМИК од формално правн аспект не е најјасна. Македонските власти не го промениле ставот, демаркација на границата пред конечниот статус на Косово. Министерот за надворешни работи Илинка Митрева го повтори овој став при посетата на шефот на дипломатијата на Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ во Скопје минатиот месец:

„Одбележувањето на границата кон Србија и Црна Гора и во делот со Косово треба да зарши пред решавњаето на конечниот статус на Косово и за таа активност треба да се изнајдат соодветни модалитети.“

Драшковиќ пак смета дека демаркацијата треба да ја извршат властите на Македонија и Србија и Црна Гора

„Нашиот став е дека и тој дел од границата треба да го одбележиме, иако тоа е техничко прашање, на тој начин што тоа би го направиле претставници на Македонија и Србија и Црна Гора од друга.“
XS
SM
MD
LG