Достапни линкови

Багдад: Убиени осуммина Ирачани во два бомбашки напада


Осумина ирачани биле убиени, меѓу нив и четворица војници, во денешните напади врз силите за безбедност северно од Багдад, изјавија официјални ирачки претставници. Прецизирано дека станува збор за два бомбашки напада. Претходно, ирачката полиција соопшти дека изутрината во Багдад биле пронајдени дванаесет тела на мажи кои биле егзекутирани од непознати лица. Агенциите јавуваат дека ирачките милитантни групи ги зачестиле ваквите ликвидирања на оние што соработуваат со американците.
XS
SM
MD
LG