Достапни линкови

Новоформираните општини во Македонија без основни услови за работа


Двете новоформирани скоопски општини Бутел и Аеродром кои произлего од статие граници на оппштините Чаир и Кисела Вода се соочуваат со сериозни проблеми како просторни така и административини. Влада мора итно да интервенира да им овозможи на ови општини нормално да функсионираат вели Горан Ангелов од ЗЕЛС

„Имаме нови градоначалници, совети, кои веќе функционираат од формално – правен карактер. Но, нивната функција е загрозена поради немање простории и основни услови за работа. Владата мораше да размисли пред локалните избори тој проблем да го разреши, да се заврши делбениот биланс помеѓу новите и старите општини и кога ќе завршеа локалните избори, градоначалниците да можеа да почнат да работат и да може да ги решаваат проблемите на граѓаните. Тие сега не може да си ги решат нивните проблеми, а не да ги решаваат оние на граѓаните. Ова е многу сериозен проблем.“

Министерот за лаокална самоуправа пак не гледа сериозен проблем во тоа вели им излеговме во пресрет:

„За овие општини законот точно предвидува дека тие ќе ги користат истите простории и администрација се додека не се направи делбен биланс. Кога тоа ќе се направи ќе се знае кому што припаѓа од имотот и долговите. Но, и покрај ова, ние како влада се обврзавме да им гарантираме 150 метри квадратни работни простории се со цел да не дојде до ситуација општините да немаат каде да работат.“

Но Ангелов вели дека проблемот не само во просториите , Министерството треба да преземе и улога на медиаторство:

„Не е само да понуди, туку треба и еден вид медијаторство, бидејќи, јас како што разбрав на Чаир се понудени нови простории бидејќи сегашните бараки во кои беше сместена општина Чаир, катастерски припаѓаат на општина Бутел. Така што, не е само да имате одлука, туку треба да бидете медијатор да им помогнете на новите локални власти да го решат проблемот.“

Но новиот градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ Изет Меџити не се согласува со ваквата одлука на владата и вели дека ке продолжат да ги извршуваат своите обврски од просториите кои и припаѓале на оваа општина се додека не се најдат средства и донации за доизградба на веќе започнатата зграда на општина Чаир од страна на неговиот претходник Аце Миленковски.
XS
SM
MD
LG