Достапни линкови

Андиџан: Собрани стотици демонстранти по вчерашните немири


Стотици демонстранти и денеска се собрале во градот Андиџан во Узбекистан, по вчерашните крвави судири со безбедносните сили во кои загинаа повеќе луѓе. Демонстрантите тврдат дека безбедносните сили пукале и во жени и деца. Сеуште не е познат точниот број на загинатите, иако еден лекар во локалната болници изјавил денеска дека настрадале над 50 луѓе. Узбекистанските сили денеска го затвориле градот Андиџан и ги протерале странските новинари, со образложение дека не се безбедни. За попладне е најавено обраќање на претседателот на Узбекистан Ислам Каримов. Нередите во Андиџан избувнаа вчера откако најнапред вооружени лица ги ослободија затворениците, меѓу кои и 23-ца бизнисмени, обвинети за исламски екстремизам, по што избувнаа демонстрации, а владините сили отворија оган врз демонстрантите.
XS
SM
MD
LG