Достапни линкови

Манчестер: Американскиот милијардер Малколм Глејзер сопственик на Манчестер Јунајтед


Во спортската јавност не стивнуваат реакциите по веста дека американскиот милијадрер Маколм Глејзер станал мнозински сопственик на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед. Тој доплатил 790 милиони фунти за уште 28,7 насто од акциите. Навивачите протестираат против купувањето на клубот и најавија дека ќе ја откажат годишната претплата на картите. Тие уште мината година формираа здружение за да го спречат Глејзер да го купи Манчестер Јунајтед. Глејзер не е Роман Абрамовиќ кој во Челзи дојде со кофери полни со пари. Тој очекува со зголемени цени на влезниците да го наплати купувањето на Манчестер Јунајтед, изјави Тик Товл претседател на здружението.
XS
SM
MD
LG