Достапни линкови

Најмалку деветмина загинати, а 34 повредени во судири меѓу полицијата и вооружени демонстранти


Таџикистан, Киргистан и Казахстан ги затворија или ги засилија контролите на границата со Узбекистан поради немирите во источниот град Андиџан. Како што јавија агенциите, најмалку 9 лица загинаа, а 34 се повредени во судирот меѓу полицијата и вооружените демонстранти кои во текот на минатата ноќ ослободија 100 – тици затворениците од затворот во овој град и наводно држат во заложништво полицајци. Ситуацијата и денеска е драматична иако под контрола. Илјадници луѓе се собрани пред владината зграда. Се бера ослободување на 23 муслимански бизнисмени обвинети за анти уставни активности и членство во забранета исламистичка организација. Претседателот Ислам Каримов нареди распоредување дополнителни трупи, а според Шарапјон Шакиров кој 4 години беше во затвор заради припадност на исламската Акрамија група се водат преговори.

,,Ние сакаме сите затвореници лажно осудени да бидат ослободени. Повекето се политички затвореници. Нашите барања се мирољубиви. Ја повикуваме руската влада да се вмеша, бидејки добро ги познава проблемите.”

Борците за човекови права тврдат дека случајот против муслиманските бизнисмени е дел од владината борба против верските дисиденти. Узбекистан инаку е честа мета на критики од запад за непочитување на човековите права. Во меѓувреме во Ташкент полицијата уби бомбаш самоубиец пред израелската амбасада.
XS
SM
MD
LG