Достапни линкови

Багдад: Најмалку шест загинати во експлозија на бомба


Најмалку 6 лица загинале од екплозија на бомба во близина на една џамија во Багдад, соопшти полицијата. Во Багдад денеска биле убиени и ирачкиот генерал Ијад Махди, како и полицискиот офицер Фадел Мубарак. Во западната провинција Анбар настрадале двајца американски маринци кога нивното возило налетало на мина. Подметнати експлозии денеска имало и во градот Киркук, при што три лица биле повредени.
XS
SM
MD
LG