Достапни линкови

logo-print

Исклучување на должниците кои не платиле сметка во законскиот рок


Исклучување на должниците кои не ги платиле сметките во законскиот рок и откривање на кражбите на електрична енергија, ова е дел од широката акција која денеска започна да ја спроведвуа Електростопанство на Македонија. Освен граѓаните оттаму велат дека без исклучок на удар, ќе се најдат и буџетските корисници:

„Очекуваме дека сепак и установите и индустриските капацитети ќе изнајдат можност да си ја регулираат електричната енергија“

Ни изјави директорот на дистрибуција во Електорстопанство Благоја Стојкоски. Според податоците презентирани од ЕСМ, само во минатиот месец, во државава биле исклучени вкупно 8 220 потрошувачи, а голем број од нив повеќе од 1 700-тини недозволивле да бидат исклучени. За ваквите корисници, македонското Електростопанство наплатата на сметките ги врши со асистенција на Министерството за внатрешни работи, а дополнително вели Стојкоски се ангажирани и лица за обезбедување.
Инаку денешната акција, изјавува првиот човек на Дистрибуција, воедно претставува и предупредување за подружниците каде наплатата на електрична енергија е најниска:

„Најслаба наплата само 10% имаме во Гевгелија, потоа следува Валандово, па Кавадрци. За сите потрошувачи потполно ќе ги преземеме сите законски мерки кои ни стојат на располагање. Исто така верувам дека доколку подружниците си ја вршат работата како што треба ќе имаме и резултати во наплатата, а доколку немаме резултати при наплатата раководствата на тие дистрибуции ќе бидат сменети“

На ваквите повремени акции, кои освен Електростопанство редовно ги врши и Телекомот, граѓаните кои во голем број се со ниски примања, револтирано реагираат. Сепак, иако со задоцнување велат, принудени се да ги платат сметките:

„За овој еден месец каснам, не сум платила. Не стигнува скапотија жива“

„Давачките се превисоки, но ги плаќаме. Се мораш да оставиш, ама струјата мора да ја платиш.“

“Ако веќе го продаваат ЕСМ, барем да го продадат на некој домаќин човек, да не ги разделат парите по фирми, туку да ја направат централата па да имаме струја, а не да увезуваме“


Акции како денешната изјавуваат од ЕСМ, се спроведуваат редовно и велат дека тоа воопшто не е поврзано со најавената продажба на Електростопанство:

„Нема никаква врска со продажбата на ЕСМ, бидејќи ако не ја наплатиме електричната енергија незнам од каде ќе ја набавиме“

заклучува директорот на Дистрибуција Стојкоски.
XS
SM
MD
LG