Достапни линкови

Букурешт: Обраќање на претседателот Бранко Црвенковски


Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Букурешт имаше обраќање на самитот на шефови на држави и на влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Притоа тој изјави дека фактот што Романија и Бугарија наскоро ќе влезат во Европската Унија покажува оти земјите во регионот ги предводат лидери кои прават напори за создавање нова реалност со која во иднина ќе се гордееме. Претседателот Бранко Црвенковски ќе оствари средби со романскиот претседател Трајан Басеску и со комесарот за проширување на Европската Унија Оли Рен.
XS
SM
MD
LG