Достапни линкови

ММФ и Светската Банка со јасен став, продолжување на политиката на ниска инфлација и стабилен курс


Експертската јавност е поделена, поделена е и владата единствено ММФ и Светскта банка имаат јасен став, Макеоднија мора да излезе од економската криза со продолжување на политиката на ниска стапка на инфлација и стабилен курс на денарот.

На денот кога преговарачите од Светската банка ја завршуваат рундата на преговори околу новиот аранжман, а ММФ ја започнува дел од експертите коментираат, мора да бараме од овие институции да ни одобрат релаксирање на монетарната политика односно заживување на инфлационата спирала за неколку проценти нагоре.

,,Никој од експертската група не бара висока стапка на инфлација, ние бараме едноцифрена стапка, нека биде три - четири насто, тоа воопшто не е страшно,”

е ставот на академик Таки Фити. Нема да има никаков ефект доколку ги употребиме монетарните инструменти во заживувањето на макеоднскат економија а притоа не ги спроведиме структурните реформи е коменатрот на дел од ексертите кој сметаа дека проблемот не е во стапката на инфлација туку во лошата бизнис клима.

,,Без структурни реформи тешко ќе постигнеме било што, но тоа е долг процес,”

вели професорот од економскиот факултет Димитар Ефтимовски. И во владата бизнис лобито смета дека решението е во ефтините пари, додека ставот на првиот финансиер Никола Поповски е дека пред политиката на ефтини пари мора да се создадат услови да се привлечат инвеститори кои Макеоднија не ја заобиколуваат поради високите каматни стапки.

За разлика од Поповски, за академик Фити каматните стапки сепка се проблем.

,,Како ќе го престуктуирате стопанството со нула стапка на инфлација со каматна стапка од 12 – 13 насто, кој е тој што ќе земе кредити?”

И додека експертите и владата полемизираат меѓу себе, оние кои ни го одобруваат аранжманот имаат јасен став, за да бидат одобрени ветените 90 милиони евра неопходно е да ги споведете реформите во судството, администрацијата, фондот за здраство, создадете поволна бизнис клима.

Денешното започнување на преговорите со ММФ значи нивно инсистирање на преполовување на дефицитот или воведување на уште што порестриктнивна монетарна политика. Имено пред само пред пет години дефицитот надминуваше пет насто од бруто домашниот производ, сега веќе е сведен на еден насто, а монетарците инсистраат на дополнително нивно намалување.

Рестриктивната монетарна политика значи обврска на владата да смогне сили дополнително да се откаже од планираното трошење, а според ММФ единствено таквиот чекор може да допринесе до намалување на огромниот дефицит што Макеоднија го има на тековната сметка на платниот биланс, а кој ве’е ги надминува прифатливите граници.
XS
SM
MD
LG