Достапни линкови

logo-print

Мирољубивата револуција во Грузија пример за демократскиот развој во другите земји


Мирољубивата револуција во Грузија е пример за демократскиот развој во другите земји изјави денеска во Тбилиси американскиот претседател Џорџ Буш на заедничката прес конференција со грузискиот претседател Михаил Саакашвили. Буш престојува во Грузија во рамките на европската турнеа и предвидено е да одржи говор на Плоштадот на слободата во Тбилиси.

Џорџ Буш е првиот американскиот претседател кој ја посетува Груизија. Пречекан со церемионии во Парламентот во Тбилиси од неговиот домаќин грузискиот претседател Михаил Саакашвили. Како што е познато, промените во Грузија се случија по уличните протести во таканаречената револуција на розите која го принуди поранешниот претседател Едуард Шеврнадзе да ја напушти власта. Саакашвили новата влада ја формираше во 1993 година. На прес конференцијата во Тбилиси Буш денеска изјави дека Грузија ке биде подржана на патот кон Нато. Мирољубивата револуција е пример за другите држави, рече Буш.

,,Ние ги подржуваме движењата за слобода и сакаме да им помогнеме на младите демократии, во изградбата на институциите кои го надживеале моментот со цел идните генерации Грузијци да растат во слободно општество.”

Буш изјави и дека рускиот претседател Владимир Путин изразил готовност за соработка со владата во Тбилиси за исполнување на договорот за редуцирање на руското воено присуство. Грузискиот претседател Саакашвили пак од своја страна изјави.

,,Партнерството меѓу Соединетите Држави и Грузија е стартегиски интерес тоа е повеќе од нафтовод, повеќе од економска и воена соработка. Тоа се вредностите што ги делиме за слободата и демократијата.”

Со посетата на Тбилиси, американскиот претседател Џорџ Буш ја завршува пет дневната турнеа во чии рамки престојуваше во Летонија и во Русија на 9 мај на церемониите по повод 60 години од победата над фашизмот.
XS
SM
MD
LG