Достапни линкови

Идната година клучна за евро атлантските интеграции


Со низа настани и Македонија се приклучува во одбележувањето на шеесетгодишнината од победата над фашизмот и денот на Европа. Активностите за одбележување на победата над фашизмот започнаа минатата недела со отворање на изложба, а денеска се промовира книга, ,,Ослободување на федерална Македонија" во издание на Институтот за национална историја, а овие активности ќе се заокружат денеска со свечена академија во Домот на Армијата. По повод денот на Европа, меѓудругото денеска се одржува расправа на тема како Нашето големо ЗА Уставот на Европа: Македонија меѓу усвојувањето на Уставот и приемот во Унијата. Професорот Димитар Мирчев кој е претседател на Европското движење за Македонија во чија организација се настаните за одбележување на европскиот ден оценува дека по повеќе години поминати во знак на проблеми сега земјава може да се фокусира на приближувањето кон Европа. Оваа година вели тој Македонија е во поповолна позиција и тоа треба да се искористи. По доставувањето на европрашаланикот до Европската комисија, Македонија неодамна доби дополнителни прашања, а земјава може да се соочи со уште барања за дополнителни објаснувања за состојбата во повеќе области:

,,Очекувам до крајот на годината, уште еднаш, два пати да добиваме дополнителни прашања. Можно е да се добијат и дополнителни внатрешно политички услови, за донесување на легислатива потребна за нашето вклучување во Унијата. Мислам дека тука нема ништо драматично,"

вели Мирчев според кој идната година е клучна за земјава:

,,Веќе догодина, мислам дека Македонија ќе добие и покана за членство во НАТО, така што мислам дека идната година е клучна за членството на Македонија во Унијата и во НАТО."
XS
SM
MD
LG