Достапни линкови

Москва: Почнаа манифестациите на одбележувањето на победата од фашизмот


Пред утрешната централна манифестација во Москва на 60 годишнината од победата на фашизмот на која ќе присуствуваат најмалку 50 шефови на држави, меѓу кои генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, американскиот претседател Џорџ Буш како и највисоки претставници на европските земји, денеска се одржуваат бројни манифестации. Нашата државна делегација во Москва ја предводи претседателот Бранко Црвенковски. Пред заминување во Москва американскиот претседател Џорџ Буш кој престојува во неколкудневна европска турнеја ја посети Холандија каде оддавајќи почит пред американските воени гробишта, изјавил дека втората светска војна претсвува најголма лекција оти демокртијата носи мир. Во Москва, порнешниот претседател на советскиот сојуз Михаил Горабчов денеска рекол дека не треба да му се прости на Стлин кој го предводеше Советскиот Сојуз за време и после втората светска Војна, наведувајќи оти тој е одговорен за смртта на голем број луѓе. Инаку, прославата во Москава предизвика контроверзи мегу балтичките земји. Со објаснување дека тогаш всушност почнала нивната педесет годишна окупација од страна на порнешниот Советски Сојуз, претствници на земјите од Балтикот, изјавија дека Москва не претставува најдоброто решение за одржување на централната манифестција на победата над фашизмот.
XS
SM
MD
LG