Достапни линкови

logo-print

Свет: Светските лидери му ја честитаа победата на Тони Блер


Светските лидери му ја честитаа изборната победа на британскиот премиер Тони Блер со која тој и по трет пат едно подруго ја задржа таа функција. Неговата Лабуристичка партија освои триста пеесет и пет од Шестотини четириесет и шесте места во Долниот Дом. Тоа од друга страна значи дека оваа партија за разлика од мнозинство од сто шеесет и седум места што го имаше претходно, сега ќе има мнозинство од само седумдесет пратеници. Британскиот премиер Блер веќе направи некои промени во кабинетот. Една од нив е и тоа што министерот за одбрана Џеф Хун сега ќе биде лидер на Долниот дом на парламентот. Во меѓувреме, лидерот на конзервативците Мајкл Хауард ја обелодени својата оставка откако ториевците успеаа да обезбедат сто деведесет и седум места. Либерал демократите добија шеесет и две.
XS
SM
MD
LG