Достапни линкови

Багдад: Најмалку четири лица загинале во експлозија на автомобил бомба


Ирачката полиција соопшти дека во денешната експлозија на автомобил бомба на еден пазар во центарот на Багдад загинале најмалку четири лица, додека дваесетина други биле повредени. Претставници на американската војска соопшти дека претходно биле предупредени дека ќе дојде до ваков напад во Багдад, но оти не биле информирани за точната локација. Во изминативе неколку недели, ирачките бунтовници ги зачестија самоубиствените напади и оружени заседи во земјата.
XS
SM
MD
LG