Достапни линкови

Лондон: Парламентарни избори во Британија


Во Британија се одржуваат парламентарни избори, на кои, според очекувањата, би требало да победи Лабуристичката партија на премиерот Тони Блер. Тоа ќе биде негов трет последователен мандат, што е своевидна историја во Британија. Имено, никогаш досега некој лабуристички лидер не бил три пати едно по друго на функцијата премиер. Резултатите на јавното мислење покажуваат дека опозиционите конзервативци и либерал демократи немаат шанса да освојат мнозинство во Долниот дом на парламентот. Повеќе од четириесет и четири милиони британци со прво на глас ќе можат да се изјаснуваат на избирачките места кои се затвораат во дваесет и три часот по средноевропско време.
XS
SM
MD
LG