Достапни линкови

Лабуристите на Блер фаворити


На петти мај британците ќе избираат шестотини пеесет и девет членови на Долниот дом на Парламентот. На овие општи избори се гледа како на изјаснување за или против премиерот Тони Блер, кој има намера да остане на таа функција по трет, што значи и последен пат. Многумина од гласачите се лутат на поддршката на Блер на американската војна во Ирак. Сепак, посматрачите се согласуваат дека Блер и неговата Лабуристичка партија ќе останат на власт.

Кампањата од ден на ден е се пожестока, со се повеќе меѓусебни обвинувања, и со се помалку претставување на партиските платформи.

,,Нека Ториевците се држат до нивните лични напади врз мене. Јас ќе се држам до политичките прашања што ги засегнуваат Британците.”

Изјави премиерот Тони Блер кој се најде под засилен оган од Конзервативната партија која, како и Либерал демократската, сака да профитира од несогласување во јавноста во врска со британската улога во војната во Ирак. Посматрачите велат дека овие две партии мислат оти Блер го искомпромитирал неговиот личен интегритет. Вилијем Рис Мог е член на Горниот дом на британскиот парламент и поранешен уредник во весникот Тајмс.

,,Тука е прашањето за довербата во премиерот околу неговите причини за придружување во ирачката војна. Станува збор за доверба во неговата личност која се базира врз политиката, во случајот со Либерал демократите, на погледот дека војната требаше да се избегне. Во случајот со Конзервативците пак, објаснувањето: зошто Британија влезе во таа војна, не беше вистинито.”

Ваквиот притисок од јавноста го натера Блер да преземе невообичаен чекор и да ги објави тајните препораки што ги примил пред да ја донесе одлуката за влегување во војната. Текстот не содржи ништо што би можело да биде употребено за да биде обвинет дека ја мамел јавноста. Блер вака ја објасни одлуката за отстранување на Садам Хусеин од власт.

,,Јас не го направив тоа, бидејќи сакав да ги лажам луѓето. Го сторив најдоброто за да ја донесам вистинската одлука за земјата. Не можам да се извинувам за тоа, бидејќи се уште мислам дека светот е подобро место за шивеење со Садам во затвор.”

Сепак, според експертите Ирак нема да биде клучното прашање на изборите.

,,Тоа може да биде решавачко во мал број на избирачки места и тоа каде што претежно живеат мулимани и кои досега вообичаено гласаа за Лабуристите. Но, во однос на целосниот резултат не мислам дека војната во Ирак ќе има некое поголемо влијание.”

Посматрачите велат дека кампањата се повеќе се врти кон домашните прашања. Многумина дури сметаат дека лабуристичката влада има добри оценки за економијата и за нејзината решеност Британија да влезе во евро зоната. Од друга страна, нејзе многу и се забележува за даноците, имиграцијата, здравствениот систем. Како и да е, експертите очекуваат победа на лабуристичката партија иако со помало парламентарно мнозинство отколку сегашното.
XS
SM
MD
LG