Достапни линкови

logo-print

Методи Златанов, нов член на Светиот Синод на МПЦ. СПЦ бара враќање на Охридската Архиепископија во рамки на МПЦ


Во ситуација кога е во фаза на решавање на нејзиниот статус, МПЦ се засилува одвнатре со назначување на тројца нови епископи, што се објаснува како чин што има витално значење за црквата, но од друга страна проблем кој останува е таканаречената православна охридска архиепископија на Вранишковски, особено во контекст на натамошните преговори со СПЦ?

Таа парацрковна формација постои и секако ќе мора да биде вклучена во преговорите, како еден неминовен проблем што се создаде заради неможноста при првиот обид да се разреши проблемот, односно да се исполни дијалогот меѓу овие две цркви. Меѓутоа, од српска страна се насетува едно менување на тактиката во тој поглед, затоа што, ако порано имаа ригиден став на расчинување на МПЦ, а исклучиво признавње на таканаречената Охридска архиепископија, сега според она што можеме да го чуеме од српски извори, се оди на варијантата Охридската архиепискпија, односно тие луѓе коишто се одментнаа од МПЦ, и ја образуваа таа парацрковна формација да се вратат на МПЦ. Како црква таа вдушност и не постои, таа постои само како отпад на дел од една православна црква, така што згаснување на црква не е вистинската поента, туку враќање на една одбегана, избегана, заскитана овца повторно во стадото во црквата.

Но, има ли место за враќање на Вранишковски во МПЦ?

Па, тука можам да ви го кажам само моето лично мислење, коешто нема да биде валидно со мислењето на оние коишто навистина ќе треба да одлучуваат. За секој човек треба да се најде место, меѓутоа никако во тој чин. Ние не можеме тој човек да го анулираме, мораме да му најдеме некакво место. Меѓутоа, можеби затоа што СПЦ е таа којашто му ја даде таа сила, мислам дека СПЦ треба да му најде место на тој човек во рамките на својата црква. Затоа што тој конечно и како епископ и како христијанин се стави во служба на СПЦ.

Имајќи го на ум заслиувањето на МПЦ одвнатре со назначувањето на тројца нови членови на Синодот, може ли да се каже дека се зајакнува позицијата на македонската црква виза ви српската и другите православни цркви?

Во однос на надворешната политика на МПЦ тоа ќе покаже и пред нив и ќе докаже всушност дека ова е жива црква. Затоа што во сите цркви животот на црквата е таа светотаенска обвнова на личностите коишто ја сочинуваат црквата во сите хиерархиски степени. Но, од особено значење е обновата на епископскиот собор, затоа што тоа значи дека таа црква живее создавајќи пастири и учители коишто како глава на црквата, како оние коишто ја предаватаат мудроста божја во црквата таа всушност е организам којшто се развива, обновува и живее. Во таа смисла останатите, дури и оние коишто до сега не сакаа да признаат дека се работи за жива црква, вистинска православна црква, сега ќе немаат аргумент, затоа што обновувањето на Синодот е уште еден аргумент, многу значаен, можеби и најзначаен дека се работи за едно живо тело христово во Македонија.

Дали по последната средба на поглаварот на МПЦ Стефан со српскиот патријарх Павле може да се очекува придвижување во разговорите или сметате дека тие сеуште се на статус кво позиција?

Штом веќе се воспостави повторно тој дијалог и се реши тој дијалог да продолжи, што е многу важно, тоа значи дека работите се тргнати од статус кво. Е сега, се разбира, ќе треба многу помудри, од оној прв обид на преговори всушност и од едната и другата страна да стапиме во тие дипломатски црковни преговори, јас се надевам дека со многу добра волја, со многу евангелска љубов, дека тој проблем ќе се реши, затоа што и може да се реши. Ние не сме во таква непремостлива, неразрешлива состојба, во каква што можеби во некои други историски времиња се наоѓале некои православни цркви.

Зошто тогаш двете цркви сеуште не постигнале решение. Дали во наоѓањето решение МПЦ останува на ставот автокефална православна црква?

Апсолутно, ние од таа позиција не отстапуваме. Но, проблемот не е во тие глобални рамки. Се работеше и сеуште се работи повеќе за еден политички проблем, проблем врзан за името, за еден историски конктекст на диецезата итн, коишто како прашања воопшто не се црковни, литургиски, туку прашања врзани за некоја политика и историја на овие простори.

Во меѓувреме беа остварени посети и во Цариград и Москва. Што очекувате од тие две цркви?

Па, тие би требало да имаат битно влијание затоа што црквата е соборен организам. Тоа значи дека сите живееме во едно семејство и сите треба да помагаат тоа семејство да остане во единство. Тоа значи многу политичко тактизирање е вклучено во сите тие комуникации се со цел да се комуницира што е единствен начин за разрешување на секој проблем. Да се комуницира, да не се молчи, да се решаваат проблемите со премолчување и фрустрации. Се разбира имајќи го предвид сево ова, а и потребата да се комуницира со сите православни цркви, затоа што ние имаме потреба да комуницираме како православна црква со другите, ние можеби треба уште повеќе да работиме на комуникацијата за информирање на пошироката православна јавност со нашиот проблем и со нашите потреби состојби. Затоа што може и неинформираноста на останатите православни цркви може да направат многу голема штета за нашите обиди за разрешување на проблемот, затоа е потребно да се комуницира со сите православни цркви. Значи, не да се гледа во таа комуникација на единствено решение, можеби потреба од некаков протекторат.
XS
SM
MD
LG