Достапни линкови

logo-print

Работниците немаат никакви права


Работниците во Македонија немаат никакви права. Имаат ниски плати, а работат и прекувремено. Никој не го почитува работничкиот труд, а нашите капацитети, максимално се искористуваат, ова е ставот на македонските работници, за кои во државата, велат тие, никој не се грижи:

„Немаме никакви права.“
„Од сите страни си незаштитен.“
„Немаат права, сите отпуштени дома, се сее ветер и магла, катастрофа е за овој народ.“
„Нема затоа што не се почитува работното време, се работи многу повеќе, се работи саботи и недели, празници итн.“
„Работниците во Македонија, платите се ниски, а годишните одмори треба да бидат како порано.“
„Немаат право, ги држат непријавено.“
„Работниците немаат право на глас.“
„Во Македонија е многу лошо, мора да чекаш пензија, важно е да наполниш 62 години и 15 години работа, не е важно што имаш 33 да речеме.“


Работниците се жалат и од односот на своите претпоставени, велат дека работодавците не ги почитуваат и ги штитат своите интереси:

„Работодавците можат да прават што сакаат.“
„Се испокрадоа и сите не отпуштија.“


Работодавците пак, со спротивно мислење:

„Мислам дека имаат доволно права, слобода во текот на работното време, значи што се однесува до оправдано или неоправдано отсуство од работа, да си земат ден, да не го вратат денот, така што има флексибилност,“

вели Роберт Костадиновски, сопственик на приватно претпријатие.

Повеќето работници ја изгубиле довербата во работничките синдикати. Тие сметаат дека корист од нив имаат само нивните членови, кои преку синдикатот гледаат можност за остварување лични интереси.

„Не ми помогнале мене.“
„Се обидуваат навидум се за правата за работниците, ама прашање е колку навистина се за тоа.“


Незаводолство кај работниците и по прашањето за измените кои се предлагаат со новиот закон за работни односи:

„Навидум на хартија е многу добро, ама во пракса тоа никогаш нема да заживее.“

Од сојузот на синдикати бараат договорот за вработување да биде основа за склучување на работен однос. Тие сметаат дека е тендециозна одредбата во законот, според која работникот кој не примил плата три месеци може да даде отказ. А, не се согласуваат ниту со одредбата која го регулира правото на годишен одмор. Според синдикатот, во законот не се утврдени критериумите врз основа на кои се добива годишен одмор, а не се знае и дали саботата е вклучена во работната недела. За нив е неприфатлива и одредбата во законот според која е предвидена и можноста за исплата на куќните помошнички во натура.
XS
SM
MD
LG