Достапни линкови

Македонските медиуми се политички и економски зависни


Според слободата на медиумите Македонија се наоѓа на 110 место во светот, во група земји со делумно слободни медиуми. Ова го покажуваат последните истражувања на американската организација за промоција на демократијата Фридам хаус.
Македонските новинари се согласуваат дека медумите во земјата се економски и политички зависни.

„Во оној момент, кога економијата ќе стане доминантна и независна од политичките движења во државата, ќе може да се говори и за поинаква поставеност на медиумите, односно сите структури и делови на општество, а во таа смисла и медиумите,

изјави Мира Костиќ од Македонското радио.

потенцирајќи дека за да се надмине ваквата зависност на медуимите, потребна е поголема професионалност и од страна на новинарите.
Според Зоран Бојаровски од Македонскиот институт за медиуми и последните избори во земјата се доказ дека кај македонските медиуми
постои одредена наклонетост кон одредени политички струи.

„Кај нас не е разграничен сопственичкиот статус на медиумите. Кај нас има медиуми во сопственост на економски моќни луѓе, коишто работат нешто друго, а медиумите им служат за друго. А, кога ќе дојде време за политички интереси се наклонуваат кон оние политички интереси од кои ќе имаат најмногу добивка,“

вели Бојаровски.

За Александар Чомовски, главен и одговерен уредник на А1 телевизија, отсуството на политичка демократија во државата, директно влијае врз независноста на медиумите.

„Македонското новинатство не е поинакво од случувањата на земјата, социјалната атрофија и политичката стагнација, новинарството и не е така лошо, но далеку од она што би можело да биде промотор на политичката слобода и демократските изразувања,“

Според извештајот на Фридам хаус, генерално слободата на медиумите во светот е влошена. На глобалната листа Македонија е рангирана после Албанија, Конго и Хондурас, а пред Танзанија, Нигерија и Нигер.
XS
SM
MD
LG