Достапни линкови

Мешање на ингеренциите во надворешната политика


Механизмите за водењето на надворешната политика на Македонија очигледно се недоизградени, во определчувањето на наште непосредни приоритети, велат експертите коментирајкиги последните разидување мегу претседателот на држават и Владата во однос на воведувањето на визен режим кон Косово.

„Секој се обидува да газдува каде што не му е место. Тоа може да се должи на недостиг на традиција, последниов парадокс доведе пред јавноста до видливо разидување меѓу претседателот и владата, што е недолично за една демократија во којашто претседателот и владата треба да кохабитираат,“

вели аналитичарот Ѓунер Исмаил кој посочува дека со привлекувањето на вниманието на јавноста за едно прашање кое можело да се разјани многу брзо, Инстиуциите намерно или не забораваат на главните приоритети и отворени прашања на земјата, името и северната граница

„Приоритетната задача на оваа земја, според тоа и на администрацијата, е нашето прашање со името како прво, и како второ е прашањето на северната граница, нема други прашања.“

Друг проблем на државните институции задолжени за надворешната политика остануват испразнетите амбасадорски места во клучни земји во светот, Владеачката Коалиција според Исмаил ги договара површински и многу несериозно:

„Го имавме парадоксот со господин Адеми, ќе се случуваат и други парадокси, мислам дека се на се станува збор за измешани приоритети и недостиг на знаење за идентификување на примарниот интерес. Не мислам дека тројца – четворица луѓе кои ја водат државата, ќе ги принудиме да се приджуваат до стандрди со закон. Тие стандарди ги знаат сите, и најмладите слушатели на вашето радио.“
XS
SM
MD
LG