Достапни линкови

logo-print

Блискоисточен самит на крајот од годината во Москва?


Рускиот претседател Владимир Путин престојува во, како што веќе се нарекува во медиумите, историска посета на Израел. Имено, станува збор за прва посета на еден руски претседател на еврејската држава од нејзиниото создавање кон крајот на четириесетите години од минатиот век. На денешните разговори на Владимир Путин со израелскиот премиер Ариел Шарон ќе се разговара и за неговиот предлог кон крајот на годината во Москва да се одржи блискоисточен самит.

Овој предлог шефот на руската држава го изнесе на вчерашните разговори во Каиро со египетскиот претседател Хосни Мубарак и на него се гледа како на обид на Москва да земе поголема улога во решавањето на блискоисточната криза.

„Би можеле да предложиме меѓународна конференција во Москва наесен, со учество на сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги и медијаторите во блискоисточниот мировен процес: Русија, Соединетите Држави, Европската Унија и Обединетите Нации.“

Палестинците ја поздравија ваквата идеја како добра подготовка на конечниот мир во тој регион, додека Израел и Соединетите Држави реагираа претпазливо. Израелски официјални претставници, оценувајќи дека начелно не се против предлогот на Путин, сепак и со забелешката дека самитот на извесен начин ќе претставува заобиколување на таканаречниот роад меап за мир на Блискиот Исток што е поддржан од Соединетите Држави. Портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан изјави дека претстојната есен е прерано за да се одржи таков состанок.

„Што се однесува до меѓународна конференција, ние треба да видиме каде се наоѓаме сега. Таа е предвидена и со роад мапот. Веруваме дека ќе дојде време и за таква конференција, но во сегашната фаза не очекувам таа да се одржи наесен.“

Изјави Меклилан. Рускиот претседател на разговорите во Ерусалим, според посматрачите, е под притисок поради тоа што Русија планира да и продава оружје на Сирија, како и поради руската помош на иранската нуклеарна програма. Путин веќе одржа разговори со изарелскиот претседател Моше Кацав кој, како што е соопштено, побарал од руските власти да ги зголемат напорите во борбата против растечкиот антисемитизам во Русија. Утре, Путин патува за Западниот Брег, каде што, во Рамала, ќе разговара со претседателот на палестинската власт Махмуд Абас. Инаку, како што јавуваат агенциите, Путин, кој од вчера се наоѓа во Еусалим успеал да им побегне на израелските безбедносни служби и на полноќ го посетил познатиот Западен ѕид, најсветото место каде што се молат евреите.
XS
SM
MD
LG