Достапни линкови

Одложување на почетокот на издавањето посебни дозволи за странски државјани на Косово


УНМИК реши да го одложи почетокот на издавањето на посебните дозволи за странските државјани кои влегуваат во Косово но не и да ја укине одребата. Наместо на први мај како што беше најавено одредбата ке влезе во сила на 1 јули потврди портпаролот на УНМИК во Приштина Мауриција Пул.

„Можам да ви кажам дека е решено да одложи датата на стапување на сила на одредбата. Тоа сега ќе треба да се случи на 1 јули со цел да имаме повеќе време за завршување на процедурите,“

изјави Мауриција Пул портпарол на УНМИК. Но со ваквата одлука на УНМИК се уште не се запознаени македонските власти:

„Сега за сега, немаме најава за одлагање,“

изјави Портпаролот на МНР Душко Узуновски кој не сакаше да ја коментира изјавата на претседателот Бранко Црвенковски кој ја повика Македонската влада да не биде пасивна и веднаш да преземе мерки за воведување визи кон Косово. Изјавата на претседателот беше јасна , но одлука за тоа ке треба да донесе владата, вели Узуновски. Инаку претседателот Црвенковски во својата изјава посочи дек Македонија има повеќе мотиви од Косово да воведеме визен режим и на тој начин ќе воведеме подобра контрола на границата што е предуслов за поефикасна битка против инфилтрирање на поединци или групи со екстремна или милитантна позадина, како и поефикасна битка против криминалот и илегалната трговија", рече претседателот Црвенковски.

Во врска со ваквата изјава на претседателот Бранко Црвенковски портпаролот на УНМИК објаснува дека мегународната администрација на Косово не воведува визи за Македонските граѓани

„Оваа регулатива не значи воведување визен режим, туку обична регулатива за граничен менаџмент,“

вели Мауриција Пул. која сепак не сакаше да прецизира дали за посебните дозволи кои ќе се издаваат на граничните премини граѓаните ќе мора да плаќаат.
XS
SM
MD
LG