Достапни линкови

Импресивен економски пораст, корупцијата и натаму проблем


Зачерашното потпишување на договорот за зачленување во Европската Унија е уште една потврда за тоа колку далеку стигна Бугарија под раководство на поранешниот крал Симеон Саксокобургски. Ова се наведува во текстот на Фајненшл Тајмс во кој се додава дека по доаѓањето на Симеон на функцијата премиер, во две илјади првата година, Бугарија доживеала период на импресивен економски пораст.

Бранот странски инвестиции кој само лани достигна скоро две милијарди долари креираше нови работни места. Тоа придонесе за намалување на стапката на невработеност. Официјално таа од деветнаесет падна на дванаесет насто. По влезот на Бугарија во НАТО, според шефот на дипломатијата Соломон Паси, таа земја никогаш немала попродуктивни односи со сите нејзини соседи на Балканот. Но, за разлика од успехот во економската и надворешната политика владата не може да се пофали со позитивни резултати во борбата против криминалот и корупцијата, оценува Фајненшнал Тајмс, додавајќи дека само во изминатава година околу шеесетина шефови на банди вклуечни во организираниот криминал, биле цел на оружени напади и тоа најчесто на сред бел ден по улиците на Софија. Иван Искров, претседател на Бугарската народна банка предупредува: Многу е важно политичарите драматично да го подобрат правосудниот систем во земјата. Дури и секторот за информациска технологија каде што е забележан најголем пораст има своја темна страна. Имено, Бугарија се смета за центар за фалсификување евра, кредитни картички и пасоши. Бојко Борисов, од министерството за внатрешни работи вели дека Бугарија во борбата против компјутерскиот криминал тесно соработува со Британија и Шпанија, земји каде што има големи заедници на бугарски исленици, како и со Соединетите Држави. ,,Апсењето на крадците на идентитет стана приоритет,, заклучува Борисов. Но, многумина од обвинетите криминалци успеваат да ги избегнат казните поради корупцијата меѓу обвинителите, смета Огњан Шехтов, претседател на Центарот за демократија кој додава: Организираниот криминал, корупцијата и правосудниот систем се трите најголеми проблеми во врска со нашето зачленување во Европската Унија. Сепак, главниот фокус во наредната година треба да биде ставен врз создавањето обвинители кои ќе бидат независни и одговорни. Во меѓувреме, реструктуирањето на индустријата и приватизацијата придонесе за зголемувањето на носталгијата за комунистичките денови, наведува весникот, прецизирајќи дека скоро една четвртина од бугарското население е на старосна возраст за добивање пензија што е најголем процент во Европа. Малите пензиите од околу сто евра месечно и зголемувањето на трошоците за здравствена заштита се повеќе придонесуваат за намалување на поддршката на движењето на Симеон и за зголемување на популарноста на социјалистите, односно реформираните комунисти, пишува Фајненшл тајмс.
XS
SM
MD
LG