Достапни линкови

Москва: Путин заминува на блискоисточна турнеја


Рускиот претседател Владимир Путин денеска заминува во четиридневна турнеја по Блискиот Исток, во чии ремаки ќе престојува и во Израел. Тоа ќе биде прва посета на еден руски претседател на Израел. Притоа тој ќе разговора со премиерот Ариел Шарон, по што во Рамала ќе се сретне со палестинскиот лидер Махмуд Абас. Путин денеска ќе престојува во Египет на разговори со претседателот Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG