Достапни линкови

Инциденти и повредени лица


Студеничани го заоокружи изборниот процес во земјава , но за жал со пукотници и тепачки со што само се потврдија оценките на мегународните наблудувачи во земјава за нергегуларноститее кои го следеа целиот изборен процес започнат на 13 март.

Во Општина Студеничани вчера се прегласуваше на две избирачки места каде прав на глас имаа околу 180 граѓани, но за жал изборниот процес насилно беше прекинат на самиот почеток. Претепани беа две лица а едно е рането.

„Ние бевме уште во 6:30 часот рано на избирачкото место. Тој беше собрал група луѓе, конкретно наркомани, бандити, што јас знам, кои беа вооружени и со лесно и со тешко вооружување и ние видовме дека тука гласање нема да има. Братот на Демир Амети, јас му се доближив нему, како најодговорен и го прашав, зошто целата работа, тој рече дека денеска ќе нема гласање, туку само ќе има гласање за кандидатот на ДПА - ПДП.“

Изјави Аднан Кадриу претседател на Изборниот Штаб на ДУИ во Студеничани. Од коалицијата ПДП - ДПА кои го бојкотираа изборниот процес во земјава не сакаа да ги коментираат вчерашните случувања во Студеничани оградувајки се од постапката на нивниот кандидат Демир Амети кој не ја почитувал одлуката на коалицијата за бојкот на изборите.

Од МВР го потврдија инцидентот и објаснуваат .

„Веднаш по отпочнувањето на гласачкиот процес, пред гласачкото место да биде обезбедено од полицијата, во просторијата влегле пет лици и физички го нападнале Ќамил А, член на избирачкиот одбор, по што веднаш го напуштиле избирачкото место. Во текот на вчерашниот ден напаѓачите се идентификувани и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање по што ќе следат и соодветни пријави.“

вели портпаролот на МВР Горан Павловски.

Во меѓувреме Студеничани останува без градоначалник, изборите ќе се повторат за две недели, а во водство е кандидатот на ДУИ Алаудин Зеќири.
XS
SM
MD
LG