Достапни линкови

Москва: Годишно обраќање до нацијата на рускиот претседател Путин


Рускиот претседател Владимир Путин во денешното годишно обраќање до нацијата побара натамошни реформи во земјата. Путин додаде дека главна геополитичка задача на владата е да обезбеди развој на Русија како слободна демократска земја со европски идеали. Според Путин, распаѓањето на Советскиот Сојуз претставувало катастрофа и оти од тогаш Русија требаше да ја консолидира својата позиција со цел да не и се повтори таквата судбина. Путин упати критика до таканаречните олигарси кои, како што наведе, се збогатиле на сметка на обичните граѓани.
XS
SM
MD
LG