Достапни линкови

Осака: Најмалку 50 загинати во железничка несреќа


Најмалку пеесетина луѓе загинале, а неколку стотици биле повредени во денешната несреќа што се случи во јапонскиот град Осака кога еден воз излетал од шините. Возот во кој имало петстотини и осумдесет патници, според очевидци, возел пребрзо. При излетувањето еден од вагоните удрил во станбена зграда. Станува збор за најголема железничка несреќа во Јапонија во изминативе четиринаесет години.
XS
SM
MD
LG