Достапни линкови

logo-print

Тикрит: Шест лица загинаа во експлозии на автомобил бомби


Во експлозија на два автомобили бомби што се случија во ирачкиот град Тикрит загинаа шест лица, а триесеттина се ранети. Според изјави на очевидци, бомбаш самоубиец влетал кон група полицајци и ја активирал бомбата во автомобил. Во моментот кога припадниците на полицијата и случајните минувачи укажувале помош на повредените, друг автомобил влетал во толпата и експлодирал откако неговиот возач активирал експлозивна направа. Агенциите јавуваат дека во последните шест недели во напади во Ирак загинале повеке од 400 полицајци и војници.
XS
SM
MD
LG