Достапни линкови

НАТО брзо се двожи кон потенцијалниот пресуден тест на современата корисност


По годините изминати во потрага по нов дух, НАТО брзо се движи кон потенцијалниот пресуден тест на својата современа корисност. Ова се наведува во анализата објавена во весникот Фајненшл тајмс, а во врска со најавените сили за брза реакција.

Во идната година Алијансата ќе ги стави во целосна оператибилност силите за брз одговор, дизајнирани да интервенираат во глобалните кризи. Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер деновиве сугерираше дека ако азиското цунами се случеше поблиску до евроатлантското подрачје, тогаш секако дека овие сили ќе беа вклучени во давањето помош за настраданите. Таквото распоредување, како што се наведува во текстот објавен во Фајненшнл Тајмс, би претставувало радикален пресврт за Алијансата, особено поради фактот што станува збор за таканаречена ,,мека,, безбедносна операција, за која многу други меѓународни организации и особено Европската Унија себе си се гледаат како посоодветни. Како и да е, изјавата на генералниот секретар може да се посматра како дел од пошироките напори за зацврстување на улогата на Алијансата во разаговорите за идните глобални стратегиски текови. Со Европската Унија која се соочува со криза на доверба, по се изгледа тајмингот е добар. Останува уште да се види колку успешно ќе може НАТО да изврши некое такво брзо распоредување на своите сили за брз одговор. За сето тоа да биде како што треба, се додава во весникот, НАТО мора итно да реши три прашања. Прво: политичките лидери на Алијансата ќе треба да донесат одлука во каков вид на операции ќе ги ангажираат силите, Второ: на каков начин Алијансата побрзо да ги решава кризите, а не само да влегува во нив и трето: која ќе биде основата за финансирање на операциите. Сегашниот принцип на трошоците ги плаќа оној што испраќа сили ги одварќа некои членки да учествуваат во операциите. Формулата за заедничко финасирање на трошоците може да биде поприфатливо решение за Алијансата. Од друга страна значителен број од деветнаесете членки на НАТО се и членки на Европската Унија која пак е непријателски расположена спрема новата улога на Алијансата. Ваквото непријателство би можело да резултира со политички ќор сокак во Северноатлантскиот совет, тело на НАТО кое е задолжено за политички одлуки. Но, од друга страна, Алијансата не може да си дозволи постојано да се валка во баруштината на потецијалните недоразбирања и поделеност со Европската Унија. Напротив, НАТО Алијансата треба да се зафати со практична работа на решавање кога, каде и како да ги употреби новите сили за брза реакција. Употреби ги или загуби ги, е принципот што треба ја води Алијансата при евентуалните идни кризи во светот, се заклучува во анализата објавена во Фајненшл тајмс.
XS
SM
MD
LG