Достапни линкови

Легално може да се внесат најмногу 10 илјади евра, а да се изнесат до четири илјади


Македонските државјани може да внесат во државата десет илјади евра во девизи. Доколку граѓаните носат повеќе пари од овој изност, треба да ги пријават, кај царинските работници на граничните премини, вели Златко Ветеровски од Царинската управа:

„При што царински службеник на граничниот премин изготвува анкетен лист, известување, којшто се праќа до дирекцијата на агенцијата за спречување на перење пари.“

При излез од Македонија пак дозволено е да се изнесат 2,000 евра во кеш:

„Над 2,000 евра до 4,000 евра треба да има потврда од овластена банка или менувачница, а износ од над 4,000 евра е забранет по било која основа.“

Дали граѓаните се запознаени со ваквите законски одредби?

„Пари во кеш мислам до 500 евра може да се изнесат, за внесување не е проблем.“
„Знам дека мора да имате пари зависно од земјата каде влегувате. Секоја земја не те прима ако немаш доволно средства. А, колку е лимитот, не знам.“
„Пари мислам до 1,000 евра.“
„Не знам.“


Патниците може да внесат и личен багаж, како и работи што им служат за лична употреба, но и нивната количина е ограничена. Пушачите смеат да внесат една штека цигари,

И вредноста на подароците кои сакате да ги внесете е ограничена. Цената на секој подарок поединечно не треба да биде повисока од 50 евра.
XS
SM
MD
LG