Достапни линкови

Политиката на каматни стапки мора под итно да се менува


Политиката на каматни стапки мора под инто да се менува. Од досегашниот интертен однос по ова прашање последиците се: повеќе од една деценија Македонија остварува една од најниските стапки на економски раст, најниска стапка на инвестициона активност и највисок степен на нервработеност во Европа.

,,Не можеме да влеземе во ЕУ ако не го зголемиме стопанскиот раст, а за тоа треба намалување на каматните стапки."

е ставот на економскиот експерт Тихомир Јовановски. Се додека народанта банка емитува благајнички записи со високи каматни стапки неможе да се очекува намалување на цената на кредитите на комерцијалните банки тврди првиот човек на Охридска Банка Најденко Поповски.

,,Високите камати значат алокација на средства од стопанството во финансискиот сектор."

Покрај тоа што високите каматни стапки значат алокација на капиталот од една во друга гранка тие создаваат и сиромаштија.

„Високите каматни стапки го загрозуваат прашањето на социјатала и на отвотрање на нови работни места, на активирање на капацитетите."

Нефункционирањето на правниот систем во делот на реализирањето на хипотеките како и социјалниот и политичкиот ризик се фактори кој се додека не се анулираат неможе да се очекува намалување на каматните стапки.

,,Ризикот е инволвиран во каматните стапки и учествува со висок процент во нивната висина."

Високите цени на кредитите потврдуваат дека парите се редок ресурс или 80% од сопствените средства комерцијаните банки ги чуваат во странски банки, податок кој потврдува дека македонија сеуште е земја во која е подобро финансиските средства да се чуваат надвор од границите.

„Мислам дека е апсурд комерцијалните банки да чуваат депозити во познати комерцијални банки во Европа и Светот."

И додека сопствените депозити комерцијалните банки ги чуваат во странски финансиски институции во меѓувреме државата се задолжува кај истите тие институции за реализирање на сопствените проекти. Нормално по повисоки каматни стапки од оние кој се плаќаат на депозитите на македонските комерцијални банки во странство.
XS
SM
MD
LG