Достапни линкови

Џакарта: Јапонија жали за агресијата во текот на Втората Светска Војна


Јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми денеска изрази длабоко жалење поради агресијата на Јапонија врз азиските соседни земји во текот на Втората Светска Војна. Агенциите јавуваат дека Коизуми на азиско африканскиот самит во Џакарта навел оти Јапонија понизно се соочува со ваквиот историски факт. Целта на извинувањето, како што се оценува, е смирувањето на тензиите со Кина околу омекнувањето на ставот на Токио спрема злосторствата на Јапонија во Втората Светска Војна.
XS
SM
MD
LG