Достапни линкови

Газа: Разговори меѓу високи претставници на Палестинците и Израелците


Високи претставници на Израел и на палестинците денеска ќе разговараат за текот на израелското повлекување од Појасот Газа. Израелската армија вчера започна со разместувањето на дел од опремата од Газа, како прв чекор во евакуацијата на еврејските доселеници. Истовремено, денеска палестинскиот премиер Ахмед Куреи и израелскиот вице премиер Шимон Перез ќе разговараат за економската соработка.
XS
SM
MD
LG